Orto Denta ES

Directions Website

Orto Denta ES Официјално застапништво за "ORMCO" "Stylage" "Inno Aesthetic" "Croquis" и "

17/10/2026
09/10/2026

Како Едукативен центар, особено сме горди што нашите едукатори континуирано инвестираат во своето знаење и професионално усовршување, следејќи ги современите достигнувања во стоматологијата.

🇧🇷🦷Спец. д-р Слободан Ѓеоргиев учествуваше на петдневна напредна едукација во ILAPEO Institute во Куритиба, Бразил, посветена на темата „Premium Full Arch Rehabilitation with Immediate Loading – NeoArch Technology“.

Едукацијата, организирана од Zygomax Association во соработка со Neodent Montenegro и Straumann Group, опфати интензивна теоретска и практична работа со пациенти, примена на современи клинички протоколи и размена на искуства со меѓународни експерти.

Веруваме дека добриот едукатор е и постојан ученик. Затоа ја поддржуваме професионалната надградба на нашиот тим, со цел современите знаења и искуства да продолжат да се пренесуваат преку нашите едукативни програми.🦷🌎

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Тимот на Орто Дента ЕС беше дел од ортодонтскиот симпозиум „Ортодонцијата денес – од алајнери до современ третман на ком...
08/10/2026

Тимот на Орто Дента ЕС беше дел од ортодонтскиот симпозиум „Ортодонцијата денес – од алајнери до современ третман на комплексни краниофацијални аномалии“, кој се одржа на 3 октомври 2026 година во Хотел Лимак, Скопје.

Симпозиумот беше организиран од МСД – Здружение на специјалисти по ортодонција, со цел размена на знаења, искуства и современи пристапи во областа на ортодонцијата.

На настанот, Орто Дента ЕС присуствуваше со свој изложбен штанд, на кој присутните имаа можност да се запознаат со богат избор на ортодонтски производи од Ormco – бренд со долгогодишна традиција и иновации во современата ортодонција.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

05/10/2026

Ни претставува особено задоволство што знаењето и искуството на нашите едукатори се споделуваат и надвор од нашите едукативни програми.

Спец. д-р Елена В. Ѓеоргиева беше поканета како предавач на ALIGN & SYNC 2026 во Белград, дводневен конгрес во организација на Serbian Aligner Society.

Заедно со д-р Катарина Јаниќ Басиќ зборуваа на тема „Hybrid Treatment of TMJ with Splints and Aligners“- предавање посветено на темпоромандибуларниот зглоб (TMJ) и неговата улога во современата ортодонтска и алајнер терапија.

Конгресот беше фокусиран на современите ортодонтски пристапи, дигиталните протоколи и новите перспективи во терапијата со алајнери.

Како Едукативен центар, продолжуваме да ја поддржуваме размената на знаење и искуства што ги поврзува колегите и ја збогатува ортодонтската пракса. 🦷

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

01/10/2026

Сакате да го совладате Damon System и да стекнете практична сигурност во неговата примена?

Ова не е само курс. Ова е целогодишна програма со 4 модули, практична работа, клинички случаи и континуирана поддршка до крајот на терапијата на вашиот пациент.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?
🔹 Принципи и филозофија на Damon System
🔹 Анализа на лице и ортодонтско планирање
🔹 Бондирање на Damon брекети и туби
🔹 Избор и примена на лакови и торкови
🔹 Интермаксиларни гумици и протоколи
🔹 Работа со различни малоклузии
🔹 Репозиционирање на брекети
🔹 Анализа и следење на клинички случаи
🔹 Damon Ultima и современи протоколи
🔹 Ретенција и комплексни клинички случаи

🎁 ВАШИОТ ПРВ ПАЦИЕНТ – СО КОМПЛЕТЕН МАТЕРИЈАЛ
Секој учесник добива комплет материјали за третман на својот прв пациент:
Damon Q сет · Damon туби · CuniTi, SL SS и TMA лакови · куки · интермаксиларни гумици · отварач за брекети · лепак и бонд

И најважно:
🤝 КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА ДО КРАЈОТ НА ТЕРАПИЈАТА НА ПАЦИЕНТОТ

🎓 Едукатор:
спец. д-р Елена Василевска Ѓеоргиева
📅 16 -17 октомври 2026
Модул 1 + Модул 2
📅 март 2027 – Модул 3
📅 септември 2027 – Модул 4
⚠️ ОСТАНУВААТ УШТЕ НЕКОЛКУ МЕСТА!

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од целогодишната Damon System програма.

📩 Пријавете се сега и обезбедете го вашето место на 078/284-783

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

🦷 Дополнителна заштита за посилни и поздрави заби.Mirafluor Gel од Miradent е флуориден гел наменет за дополнителна нега...
30/09/2026

🦷 Дополнителна заштита за посилни и поздрави заби.

Mirafluor Gel од Miradent е флуориден гел наменет за дополнителна нега и заштита на забите, покрај редовната орална хигиена.

Флуорот помага во зајакнување и реминерализација на забната глеѓ и придонесува кон заштита од појава на кариес.

✨ Како се користи?
Гелот се користи како дополнителен производ покрај редовното четкање, според препорака на стоматолог.

Важно: Mirafluor Gel не е замена за пастата за заби, туку дополнителна флуоридна заштита.

🦷 За повеќе информации и препорака за правилна употреба, консултирајте се со Вашиот стоматолог.

Производот е достапен во Веледрогерија Орто Дента ЕС и онлан на www.ortodentaes.mk.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

🧬 DNA PEPT-HA | INNOAESTHETICSНапредна формулација за подобрување на квалитетот и структурата на кожата, базирана на ком...
29/09/2026

🧬 DNA PEPT-HA | INNOAESTHETICS

Напредна формулација за подобрување на квалитетот и структурата на кожата, базирана на комбинација од полидеоксирибонуклеотиди (PDRN), пептиди, глутатион и хијалуронска киселина.

🔬 Пептидниот комплекс ја стимулира синтезата на колаген и еластин и придонесува за зајакнување на дермалната структура.

💧 Хијалуронската киселина придонесува за хидратација и подобрување на изгледот и текстурата на кожата.

✨ Формулација наменета за професионална примена кај различни состојби поврзани со намалена еластичност, густина и квалитет на кожата.

DNA PEPT-HA — професионална нега, насочена кон дермалната структура.

📩 За повеќе информации за производот и професионалната примена, контактирајте нè на 072/229-384.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

28/09/2026

🦷 Ormco | Решенија за современа ортодонција

Погледнете ги Ormco производите достапни во нашето портфолио – системи и решенија креирани за потребите на современата ортодонција.

Брекети, лаци, туби и останати ортодонтски компоненти – сè што ви е потребно, на едно место.

Комплетна понуда за современ пристап кон ортодонтскиот третман.

📩 За повеќе информации за производите и достапноста, контактирајте нè на 078/284-783

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Да се биде жена значи да се живее во постојана промена. Нашите тела поминуваат низ различни фази секој месец, низ различ...
23/09/2026

Да се биде жена значи да се живее во постојана промена. Нашите тела поминуваат низ различни фази секој месец, низ различни животни периоди – од младост, преку подготовки за мајчинство, сè до годините на менопауза.

И секоја од тие фази носи свои предизвици.

Ако некогаш сте се почувствувале како да ја губите контролата над сопственото тело... не сте сами. И не морате да барате груби решенија за овие нежни проблеми. 🤍

Подготвуваме нешто посебно. Иновација која користи природни фреквенции за да го прегрне вашиот систем и да му ја врати изгубената хармонија.

✨ Наскоро во Orto Denta ES ви ги претставуваме HARMONIA — фластери со радиофреквенција од Biofieldcare развиени како форма на поддршка за секојдневниот баланс, смиреност и чувство на благосостојба.

Едноставни. Дискретни. Лесни за користење.

Harmonia фластерите се базираат на технологија со избрани радиофреквенции и се наменети за оние кои сакаат дополнителна поддршка во периоди на стрес, замор и нарушена рамнотежа.

🌿 Повеќе внимание кон себе.
🌿 Повеќе простор за баланс.
🌿 Повеќе грижа за телото.

⏳ Наскоро, ексклузивно достапно за нарачка преку Орто Дента ЕС.

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Едукативен центар Орто Дента ЕС, Ве поканува на специјализирана практична едукација за апликација на хијалуронски филери...
22/09/2026

Едукативен центар Орто Дента ЕС, Ве поканува на специјализирана практична едукација за апликација на хијалуронски филери.

Курсот е наменет за доктори кои сакаат да го надградат своето знаење и практичниот пристап кон естетските процедури со филери.

Што опфаќа обуката?
🔹 анатомски пристап и проценка
🔹 индикации и контраиндикации
🔹 избор на пристап според анатомијата на пациентот
🔹 демонстрација и практична работа
🔹 индивидуализиран пристап
🔹 природни и балансирани резултати
🔹 препознавање и менаџирање на можни несакани реакции

👥 Максимум 5 учесници

Мала група = повеќе практична работа + повеќе внимание за секој учесник.

📅 27–28 ноември 2026
📍 Едукативен центар Орто Дента ЕС
👨‍⚕️ Предавач: спец. Д-р Слободан Ѓеоргиев

📩 За повеќе информации и пријавување, контактирајте нè на 072/229-384

#ОртоДентаЕС #ОставиВпечаток

Address

Tome Arsovski 14
Skopje
1120

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Orto Denta ES posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share