28/05/2026
LabCorp MaterniT 21 PLUS е неинвазивен пренатален тест (NIPT) кој се прави од крв на мајката и анализира фетална ДНК присутна во мајчината циркулација. Тестот се користи за рано скрининг-откривање на најчестите хромозомски абнормалности кај плодот.
Се прави :
* од 9гестациска недела па натаму
* кај единечна и близначка бременост
* кај IVF бремености и бремености со донирана јајце клетка
* vanishing twin
* висока телесна тежина
Што открива:
* Трисомија 21 (Даун синдром)
* Трисомија 18 (Едвардс синдром)
* Трисомија 13 (Патау синдром)
* Абнормалности на полови хромозоми
* Одредени микроделеции и дополнителни CNV анализи (во зависност од пакетот)
Предности:
* Висока чувствителност и специфичност за T21 (>99% во повеќето студии)
* Безбеден за мајката и плодот
* Рана информација во бременоста
* Намалување на потребата од инвазивни процедури како амниоцентеза