101foot.mk

101foot.mk Подолошки центар за третман на проблеми со нокти и стапала. www.101foot.mk
Контакт телефони: 02 5058 592, 078 270 954

07/06/2026

✅ Механичка абразија е прв чекор кон подобрување на состојбата. Во зависност од причината која довела до оваа состојба се продолжува со понатамошен третман со биолошки препарат.

👉 Онихогрифозата - исто така позната како нокт во форма на рог од овен - е состојба која најмногу ги зафаќа палците на н...
31/05/2026

👉 Онихогрифозата - исто така позната како нокт во форма на рог од овен - е состојба која најмногу ги зафаќа палците на ногата. Ноктите често стануваат жолти, стврднати и добиваат повеќе слоеви, заоблен изглед кој кај многу луѓе потсетува на рогови на овен - оттука и името. Може да се развие во која било фаза од животот.

✅ Питиум Олигандрум е биолошки третман кој ги користи бенефитите на природните *канибал* габички кои се хранат со патогените и на тој начин ги уништуваат.

✅ Резултатот во конкретниот случај е после 12 месеци. Навремениот третман значи побрзи резултати и целосно зачувување на убавиот изглед на ноктите.

Со доаѓањето на потоплите денови, стапалата и ноктите повторно стануваат изложени.Токму затоа, пролетта е идеален период...
17/05/2026

Со доаѓањето на потоплите денови, стапалата и ноктите повторно стануваат изложени.
Токму затоа, пролетта е идеален период за превенција и нега.

Во 101 Foot Clinic најчесто во овој период гледаме:

▪ задебелени и оштетени нокти
▪ промена на боја на ноктите
▪ одвојување на ноктот од подлогата
▪ сува и испукана кожа
▪ проблеми поради тесни обувки и микротрауми

Што препорачуваме?

✔ Редовно скратување на ноктите – право, без агресивно заоблување
✔ Обувки со доволно простор за прстите
✔ Одржување на стапалата суви, особено по спорт и физичка активност
✔ Избегнување самостојно користење антифунгални терапии
✔ Рана проверка при промена на боја, форма или структура на ноктот

❗ Не секоја промена на ноктот е „габична инфекција“.
Многу состојби како микротраума, онихолиза или нарушена биомеханика можат да изгледаат слично.

#ЗдравиНокти #Онихолиза #НегаНаСтапала #Подолог

Кога ќе се појави промена на ноктот – задебелување, пожолтување или одвојување – најчесто веднаш се мисли на габична инф...
10/05/2026

Кога ќе се појави промена на ноктот – задебелување, пожолтување или одвојување – најчесто веднаш се мисли на габична инфекција.

👉 Но вистината е поинаква.

Во огромен број случаи, причината не е габа – туку физичка траума.

🔬 Што всушност се случува?

Ноктот секојдневно е изложен на:
▪ притисок од тесни обувки
▪ микротрауми при одење
▪ спортски активности
▪ нарушена биомеханика на стапалото

➡️ Како резултат на ова, ноктот се одвојува од своето лежиште (онихолиза)
➡️ Се создава празен простор под ноктот
➡️ Токму тој простор претставува „влезна врата“ за габични инфекции

⚠️ Клучен факт:

👉 Доколку ноктот е цврсто прикачен за своето лежиште – практично нема услови за развој на габична инфекција.
👉 Проблемот започнува кога таа природна бариера е нарушена.

❗ Каде се прави најголемата грешка?

Промената веднаш се третира како габа:
▪ антимикотици
▪ креми
▪ терапии

➡️ Без резултат, бидејќи не се третира причината – траумата и одвојувањето.

✔️ Во 101 Foot Clinic пристапот е различен:

Прво утврдуваме:
▪ дали има онихолиза
▪ што ја предизвикало

➡️ Само со ваков пристап, третманот е навистина ефективен.

📌 Запомнете:
Габата често е последица – не причина.

✅ Третманот на курје око (Heloma Molle) подразбира примена на специјални стерилни скалпели, борери и инструменти за да п...
03/05/2026

✅ Третманот на курје око (Heloma Molle) подразбира примена на специјални стерилни скалпели, борери и инструменти за да постепено се отстрани централното кератинско јадро и да се обезбеди олеснување на болката и да се реобликува кожата за подолгорочна превенција на зголеменото триење.

👉 Совет: Немојте да користите лепенки или капки со салицилна киселина, домашни рецепти и други средства за отстранување на курјето око бидејќи не само што истите нема да помогнат туку ќе го отежнат неговото целосно отстранување.

👉 Но, отстранувањето и прилагодувањето на механичкиот стрес кој го предизвикуваат обувките е неопходен чекор. Адекватни чевли кои одговараат на должината и ширината за стапалтото се значајни за превенција. Соодветни силиконски ортопедски додатоци исто така помагаат во растеретување на одредени точки и површини на притисок. Конзервативен третман дома со нежно стругање со турпии за пети, добра хигиена, пудри за стапала како и свеста на клиентот за повторуувачкиот карактер на овие хиперкератози е значајно за натамошно правилно третирање и превенција.

Цврстите нокти не се случајност.Тие се резултат на правилна нега и исхрана.Ноктот е изграден од кератин – протеин. Затоа...
26/04/2026

Цврстите нокти не се случајност.
Тие се резултат на правилна нега и исхрана.

Ноктот е изграден од кератин – протеин. Затоа, без доволен внес на протеини, нема стабилна структура.

👉 Клучни фактори:

▪ Исхрана
Протеини (јајца, месо, мешунки),
биотин (Б-комплекс),
витамин Б12,
витамин Ц,
минерали како цинк и железо.

▪ Хидратација
Сув нокт = кршлив нокт.
Редовна хидратација е основа.

▪ Правилна нега
Ноктите треба да бидат чисти, суви и правилно скратени.
Избегнувај агресивни средства и механички оштетувања.

▪ Заштита
Ракавици при користење детергенти.
Обувки што не притискаат – особено за ноктите на стапалата.

▪ Навики
❌ Гризење нокти
❌ Чепкање кутикули
❌ Неправилно сечење

⚠️ Ако ноктите се кршливи, се лупат или ја менуваат формата —
тоа често НЕ е естетски проблем, туку сигнал од телото.

Во 101 Foot Clinic не третираме само нокт — ја анализираме причината.

📍 Персонализиран пристап
📍 Долгорочни резултати

#здравинокти #подологија #стапала #подолог

🦶 ОНИХОЛИЗА ≠ ОНИХОМИКОЗАСликата што ја гледате е класичен пример на онихолиза – одвојување на ноктот од подлогата.👉 Но ...
19/04/2026

🦶 ОНИХОЛИЗА ≠ ОНИХОМИКОЗА

Сликата што ја гледате е класичен пример на онихолиза – одвојување на ноктот од подлогата.

👉 Но проблемот е што многу често се меша со габична инфекција (онихомикоза).

❗ Каде е грешката?

Клиенти доаѓаат кај нас после:

▪ системски антимикотици
▪ локални антифунгални креми
▪ ласерски третмани

➡️ Без никаков резултат.

Зошто?

Затоа што не се третира вистинската причина.

🔬 Што е всушност онихолиза?

Онихолиза е механичко или биолошко одвојување на ноктот, најчесто поради:

▪ микротраума (обувки, притисок)
▪ нарушена биомеханика на стапалото
▪ хемиски влијанија
▪ дерматолошки состојби

➡️ Не е инфекција.
➡️ Затоа антимикотици НЕ делуваат.

⚠️ Зошто погрешниот третман е проблем?

▪ губење време (месеци без резултат)
▪ непотребно оптоварување со лекови
▪ дополнително оштетување на ноктот

💡 Решение:

✔️ Pythium oligandrum – биолошка регулација на микросредината
✔️ крема за регенерација – стимулира обновување на ноктот
✔️ корекција на механичкиот фактор (ако постои)

Ако третманот не дава резултат –
можеби проблемот НЕ е тоа што мислите.

#Онихолиза #Подолог #ТретманНаОнихолиза #ОдвоеностНаНоктот

„Не секоја промена на ноктот е габична инфекција.“Оваа клиентка дојде кај нас со состојба на ноктот онихолиза – одвојува...
13/04/2026

„Не секоја промена на ноктот е габична инфекција.“

Оваа клиентка дојде кај нас со состојба на ноктот онихолиза – одвојување на ноктот од подлогата.

❗ Проблемот?
Претходно била третирана како габична инфекција со агресивни препарати (Exoderil), што довело до:
▪ иритација и „изгорено“ околно кожно ткиво
▪ дополнително влошување на состојбата
▪ уште поголемо одвојување на ноктот

👉 Наместо да започнеме со „третман на ноктот“ – прво ја третиравме причината.

🔬 Нашиот пристап:

1️⃣ Регенерација на кожата
– смирување на воспалението
– обновување на оштетеното ткиво

2️⃣ Таргетиран третман на ноктот
– Pythium oligandrum препарат + крема за регенерација на нокт

3️⃣ Следење и раст на здрав нокт
– постепено „лепење“ на ноктот
– следење на новиот раст

⏳ Резултат:
После 1 година → 100% обновен, здрав и природен нокт

💡 Пораката е јасна:

Не секој проблем со нокт е габичка.
Погрешен третман = поголем проблем.

Во 101 Foot Clinic:
👉 ја анализираме причината
👉 градиме решение што дава траен резултат

#Онихолиза #ЗдравиНокти #Подологија #РезултатиШтоТраат

Фластерите не го решаваат волчјето окоМногумина прво посегнуваат по фластери кога ќе се појави волчје око.👉 Но вистината...
05/04/2026

Фластерите не го решаваат волчјето око

Многумина прво посегнуваат по фластери кога ќе се појави волчје око.

👉 Но вистината е:
Фластерите не ја решаваат причината – туку можат да го „влошат“ проблемот.

❗ Што всушност е волчје око?

Волчјето око е локализирано задебелување на кожата кое настанува поради:
▪ притисок
▪ триење
▪ неправилна механика на стапалото

➡️ Телото се брани – создава заштитен слој
➡️ Но тој слој со време станува болен и длабок

⚠️ Зошто фластерите можат да го влошат?

▪ ја омекнуваат кожата без да ја отстранат причината
▪ често содржат киселини → можат да ја оштетат околната кожа
▪ создаваат влажна средина → ризик од иритација

#ЗдравиСтапала #Подологија #ВолчјеОко #Подолог

👉 Онихогрифоза - исто така позната како нокти во форма на рог од овен.  Ноктите често стануваат жолти, стврднати и добив...
29/03/2026

👉 Онихогрифоза - исто така позната како нокти во форма на рог од овен. Ноктите често стануваат жолти, стврднати и добиваат повеќе слоеви, заоблен изглед кој кај многу луѓе потсетува на рогови на овен - оттука и името. Може да се развие во која било фаза од животот, но постарите возрасни лица се особено подложни на тоа.

✳️ Во конкретниот случај се работи за младо лице кај кое поради нетретирана долгогодишна габична инфекција на ноктите доаѓа до формирање на онихогрифозни нокти.

✅ Механичка абразија е прв чекор кон подобрување на состојбата. Во зависност од причината која довела до оваа состојба се продолжува со понатамошен третман со биолошки препарат.

Address

Љубљанска 6
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 10:00 - 15:00

Telephone

+38978270954

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when 101foot.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to 101foot.mk:

Share