18/05/2026
Јаглика. 🌼
Една од првите билки што ни кажува дека природата повторно се буди.
Овие денови ја береме високо на Голак, далеку од градската врева, таму каде што утрата мирисаат на свежина, а времето оди поспоро.
Цвет по цвет, рачно и внимателно, затоа што веруваме дека добриот чај започнува уште од самото берење.
Наскоро, јагликата ќе стане дел од новата Babin колекција.
Диво растена, природно сушена и подготвена со многу труд и љубов. 🤎
„Традиција, не тренд.“