20/01/2018
PRIRODNA HERBALNA MEDICINA – ZA ZDRAVJE, NEGA & UBAVINA
VREME ZA ZDRAV ZIVOT - CAEVI za IMUNITET vo ZIMA
Чај од ѓумбир и куркума за здраво срце мозок и имунитет
Сакате ли да имате здраво срце добра концентрација и при тоа да се заштитите од карцином, во овие ладни зимски денови уфрлете во вашето секојдневие чај од двата најздрави зачини на светот – ѓумбир и куркума.
Секој засебе е многу лековит а со комбинацијата на двата ќе го дуплирате позитивното влијание на вашето здравје.
Додека во Кина веќе.со векови имаат традиционална примена во лечење на широк спектар на болести кај нас од неодамна се ценат а почнуваат да добиваат на популарност и тоа со причина.
Лековитите својства на овие два зачина се доста импресивни а еве само неколку од нив :
– Ублажува воспаленија и инфекции
– штитат од рак
– го ојачува имунитетот
-помага кај дијабетисот , деменцијата и Алхајмеровата болест .
-придонесува за здрава кожа
-имаат антидепресивни својства
Рецепт
– 1 шоља вода
-1 лажичка изрендан свеж корен од ѓумбир
-1лажичка свежо изрендана куркума
-1лажичка мед или сок од лимон
-1лажичка црн пипер
Извријте ја водата во лонец.Потоа додајте го изренданиот ѓумбир и куркума и оставете да остои 10-15 минути.
Процедете го чајот па додадете го црниот пипер почекајте малку да се излади па додадете го медот и сокот од лимон и уживајте во екстра здравиот зимски напиток.
Пијте го овој чај еднаш дневно за да ги искористите максимално неговите придобивки кон вашето здравје.