01/09/2026
🌿 СЕПТЕМВРИ 🌿
Интересно е што септември сè уште го памети времето кога бил седмиот месец во годината.
Septem на латински значи седум.
Календарите се менувале, името останало исто.
Можеби токму тоа е една убава лекција за животот: не мора сè што се менува во нас да добие ново име.
Септември не мора да биде „нов почеток“ само затоа што така сме навикнале да го доживуваме.
Може да биде едноставно премин.
Од долгите денови кон побавни утра, од
цветање кон созревање, од постојаното делување кон малку повеќе ослушнување.
Погледнете го грозјето.Не брза да биде нешто друго. Само полека и тивко зрее во својот сопствен ритам.
Природата не се обидува секој септември да стане „нова верзија од себе“.
Таа едноставно продолжува:
расте, созрева, отпушта, мирува...
и повторно започнува.
Можеби и нам не ни треба „ново јас“.
Можеби ни треба малку повеќе простор за она што веќе сме - да се менуваме, а да не се изгубиме, да растеме, а да останеме свои. Да се вратиме себеси кон себе🤗💕💫
Среќен и плодоносен септември. 🌿🤍💚