28/06/2026
ОД ЛАЖНИ ЧУДА ДО ВИСТИНСКА НАУКА: ЗОШТО ИСКРЕНОСТА Е КЛУЧОТ ЗА СЕКОЈ УСПЕХ! 🚀
Поздрав до сите! 👋 Ве поздравуваме со мојот комшија во ова кратко видео!
Свесноста ни е на високо ниво, па сакам со вас да споделам една моќна лекција од викендов. 🧠✨
Во петокот бев поканет на научен настан, каде
професорот биолог-генетичар кој работи на универзитет во Америка, ќе пренесе информации на тема
„Како настануваат вирусите“?
Пред да одам, гледав видео каде прекрасно се споредуваа настаните од Библијата и другите Свети Книги со науката.
Јас лично не припаѓам на ниту една религија или правец.
Верувам во Бог, во Универзумот кој го создал Бог, во еден Извор и Креатор.
Сепак, фасциниран сум од тоа како денес „чудата“ од светите книги и личните искуства на луѓето можат научно да се докажат.
Тоа не е магија, тоа е ЧИСТА НАУКА која секој може да ја разбере доколку ја подигне својата ВИСОКА СВЕСНОСТ! 🌌🔬
И самиот се сметам за научник, а верувам дека секој од нас може да биде научник. Нашата природа е да истражуваме.
Кога ја развиваш високата свесност, забележуваш детали кои другите ги пропуштаат и го откриваш она што некогаш се сметало за „чудо“.
Но, еве каде настана пресвртот... Настанот кој на билбордите и рекламите на Јутјуб беше претставен чисто научно, во реалноста се покажа како дел од една религиозна заедница.
Ја немам намерата да судам или напаѓам никого, бидејќи мојата цел е само да ја подигнам свесноста кај луѓето за убав и исполнет живот. Сепак, ова искуство ми ги отвори очите за една важна вистина... 🤔
Тука лежи најголемата лекција која важи за претприемништвото, бизнисот, врските, бракот, пријателството и духовноста: МАТРИЦАТА НА МАНИПУЛАЦИЈА СЕКОГАШ ПРОПАЃА! ❌
Ако манипулираш со луѓето само за да ги привлечеш, во моментот кога ќе ја сфатат поентата – си ги изгубил засекогаш.
Стравот дека ќе го изгубиш човекот или клиентот те тера да криеш информации или да не бидеш целосно транспарентен.
Но, тоа е илузија.
Како што вели големиот Брајан Трејси: „Ако твојот бизнис модел и проект не може да го разбере едно 7-годишно дете, проектот веќе ти пропаднал.“ 👦👧
Мора да бидеме чесни, но и јасни и транспарентни.
Кога нудиме работа или бараме соработници, се мора да биде изложено „на тацна“ за да биде видливо и јасно за секого.
Да ја одржуваме нашата висока свесност, да бидеме брутално искрени во се што правиме и да градиме вистински вредности со луѓето околу нас!
Убав и исполнет живот на сите! 🌟💪