02/09/2026
🚨🏟️ БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО БЕЗ ГОСТИНСКИ НАВИВАЧИ!
📢 ФК Шкендија Арачиново ги информираше своите навивачи дека за претстојниот петочен натпревар против Брегалница во Штип нема да биде дозволено присуство на гостински навивачи.
🔨 Причината е реконструкцијата на трибината, поради која, како што информираат од клубот, во моментов нема услови за прием на гостинска публика.
⚠️ Дополнително, натпреварот е прогласен за меч од висок ризик, поради што од Шкендија Арачиново упатуваат апел до своите симпатизери да не патуваат во Штип.
🚫 „Постои голема веројатност да не ви биде дозволено да влезете на стадионот“, порачуваат од клубот.
💙💛 Така, петочниот дуел Брегалница – Шкендија Арачиново ќе се одигра без гостински навивачи, со засилени безбедносни мерки. Натпреварот ќе започне во 18:30 часот на Градскиот стадион во Штип.
🏟️ Фудбалот нека биде во центарот на вниманието!