ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип

ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип, Medical and health, Ulica Hristijan Karposh br. 1, Stip.

23/04/2026
Денес на Градскиот плоштад во Штип се одржа настан по повод Европската недела на имунизација, на кој беа информирани гра...
23/04/2026

Денес на Градскиот плоштад во Штип се одржа настан по повод Европската недела на имунизација, на кој беа информирани граѓаните за придобивките од имунизацијата. Со редовна имунизација се спречуваат сериозните заразни болести, се намалува ризикот од компликации и придонесуваме за создавање на колективен имунитет.

Упатуваме голема благодарност до вработените во ЈЗУ Здравствен дом "Д-р Панче Караѓозов" Штип, Општина Штип, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип, Детската градинка "Вера Циривири Трена", ДМУЦ "Сергеј Михајлов", Домот на културата "Ацо Шопов", Фестивалот на песни за деца "Весело штурче", г-динот Раде Рогожаров, учениците од СОУ "Јане Сандански" и студентите од Факултетот за медицински науки при УГД, кои дадоа безрезервна поддршка на овој настан кој беше организиран со помош на Министерството за здравство на Република Македонија.

ЗАШТИТИ СЕ ДЕНЕС, ЗА ЗДРАВА ИДНИНА УТРЕ!

ВАКЦИНИТЕ ДЕЛУВААТ НА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИВакцините се едно од најголемите достигнувања на современата медицина. Тие не штитат...
21/04/2026

ВАКЦИНИТЕ ДЕЛУВААТ НА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Вакцините се едно од најголемите достигнувања на современата медицина. Тие не штитат не само нас, туку и нашите семејства, пријатели и целата заедница.

Од најмладите до највозрасните – секоја генерација има корист од имунизацијата. Со редовна вакцинација спречуваме сериозни заразни болести, го намалуваме ризикот од компликации и придонесуваме за колективен имунитет.

📍 Градски плоштад – Штип
📅 Четврток, 23.04.2026
🕙 10ч

👉 Дојдете, информирајте се и заштитете го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Во организација на ЈЗУ Здравствен дом „д-р Панче Караѓозов“ Штип во соработка со Министерството за здравство по повод Европската недела на имунизација.

12/04/2026

ЈЗУ Здравствен дом Штип на сите граѓани им го честита големиот христијански празник Велигден.
Ви посакуваме добро здравје, мир, радост и благосостојба во вашите домови.
Нека празникот донесе надеж, сила и нов почеток за сите.
Христос Воскресе! За многу години!

По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип упатува порака за заедништв...
07/04/2026

По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип упатува порака за заедништво, одговорност и доверба во науката како темел на јавното здравје.
Под мотото „Заедно за здравјето. Застанете со науката“, овогодинешното одбележување нѐ потсетува дека заштитата и унапредувањето на здравјето се заедничка обврска на сите – институциите, здравствените работници и граѓаните.
Во време на современи здравствени предизвици, научните докази, превенцијата и меѓусекторската соработка се клучни за градење поотпорни, побезбедни и поздрави заедници.
ЈЗУ Здравствен дом Штип останува посветен на унапредување на здравјето, навремената превенција, едукација и грижа за секој поединец.

Да бидеме заедно за здравјето.
Да застанеме со науката.

Традиционално и оваа година, беа доделени јубилејни награди за

2️⃣0️⃣ години непрекинат работен стаж на:

➡️д-р Александар Стојанов и
➡️Нада Ѓоргова ,

За 3️⃣0️⃣ години непрекинат работен стаж на:
➡️д-р Валентина Милосављевиќ Спасова,
➡️Наталија Дечовски,
➡️Снежана Мартиновска и
➡️Лидија Коцева

И за 4️⃣0️⃣ години непрекинат работен стаж во институцијата на:
➡️Сузана Николова .

Додека пак вработен кој се пензионираше во претходната година е
➡️мс Верица Лазарева од Службата за ИМП.

Исто така беа доделени и Благодарници на дел од нашиот колектив кои во изминатава година дадоа посебен придонес и исклучителна посветеност во унапредувањето на работата на нашата институција а тоа е Службата за примарна здравствена заштита –
✔️Медицина на труд и
✔️Спортска медицина кои имаа 4 пати поголем обем на работа во 2025 година во споредба со 2024 година,
✔️Биохемиската лабораторија со извршени 900 000 анализи во 2025 година во споредба со 805 000 анализи во 2024 година и на
✔️дипл. психолог Марија Николова без чија професионалност, стручност и личен придонес, оваа служба немаше да го постигне овој број на прегледи.

ВД Директор на ЈЗУ
спец. д-р Горан Андонов

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Панче Караѓозов“ - Штип упатува искрени честитки ...
08/03/2026

По повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Панче Караѓозов“ - Штип упатува искрени честитки до сите дами.

Ви благодариме за вашата сила, нежност и грижа со која го правите светот подобар! Среќен празник! 💐🌹

17/02/2026
Почитувани сограѓани,ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип како институција од јавен карактер и одговорна за здр...
31/12/2025

Почитувани сограѓани,
ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип како институција од јавен карактер и одговорна за здравјето на граѓаните на Општина Штип и општина Карбинци, Ве информира дека оваа 2025 година ја завршуваме со
704.192 реализирани лабораториски анализи,
561 лекарски уверенија за вработување,
874 превентивни здравствени прегледи на работници,
1.523 уверениjа за управување со моторно возило за сите категории,
1.073 спортски прегледи,
15.140 прегледи во Дежурна служба,
5.642 домашни посети од страна на Службата за Итната медицинска помош,
5.514 радиодијагностички процедури (панорама на заби и рентгенграфија на заби),
1.868 вакцинирани деца,
4.320 систематски прегледи на предучилишни и училишни деца,
4.255 стоматолошки превентивни прегледи на деца до 14 години,
5.594 патронажни посети и спроведени 4 рурални акции - Здравје за сите,
2.565 психолошки прегледи,
1.487 педагошки прегледи,
1.212 логопедски прегледи.

ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип им посакува на сите граѓани добро здравје, мир, среќа и успешна година исполнета со позитивни моменти.

Ви благодариме за довербата.
Со вас и за вас – и во новата година.

Среќна Нова 2026-та година! 🩺❤️

23/11/2025

Address

Ulica Hristijan Karposh Br. 1
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Здравствен дом "д-р Панче Караѓозов" Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share