ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип

ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип, Medical and health, Hristijan Karpos bb, Stip.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип е јавна здравствена установа со долгогодишна традиција во унапредување и заштита на јавното здравје. Нашата мисија е превенција, промоција на здрави навики и обезбедување стручни услуги за заштита на населението !

Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, посебно во период...
29/06/2026

Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, посебно во период на топлотен бран.

Општи препораки за заштита од топлотен бран:
- За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно,
излегување во надворешна средина во периодот од 10 00 -17 00 часот.
- Неопходните работи завршувајте ги пред 10 00 часот или после 17:00 часот.
- За време на топлотен бран во периодот од 10 00 -17 00 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.
- Останете, колку што е можно, во затворени климатизирани
простории (обичните вентилатори не помагаат кога температурата е над 35 0 Ц). Затворете ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.
- При неопходен престој на отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.
- Носете светла и лесна облека (светлите бои, во извесна мера ја одбиваат светлината) од природни такенини (памучни, ленени), ставете заштитни очила и капа.
- Внесувајте големо количество на течност (не чекајте да бидете
жедни), почнувајќи од обичната вода за пиење, па се до
минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.
- Внесувајте помало количество на храна. Избегнувајте мрсна и
високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер.
- Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чувајте ги нозете во студена вода).
- Кога сте во возило, отворете прозорец, за да овозможите
вентилација на воздухот. Целосно затворените возила стануваат
многу жешки. Не оставајте никого во возилото.
- Хроничните болни, посебно тие со срцеви, невролошки и
белодробни болести, потребно е да бидат многу дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата терапија. За секакви промени на здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.
- Пред употреба на свеж зеленчук и овошје, задолжително е нивно миење.
- Термички подготвена храна, да се консумира веднаш после
подготовката. Ако тоа не се направи, подготвената храна да се
стави во ладилник на температура до +8 0 Ц, а пред употреба, да се загрее на +100 0 Ц.
- Да се избегнуваат производи кои не се термички обработени
(домашен мајонез, сладолед, разни кремови).
- Консултирајте се со својот доктор, доколку почувствувате
невообичаени симптоми кои траат подолго време.
- Ако чувствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно побрзо, и измерете ја својата телесна температура. Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.
- Ако имате болни грчеви во мускулите на нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на постудено место и напијте се течност што содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час.
- Ако некој член од вашето семејство или лице на кое помагате, има топла и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 112 или 194! Додека се чека итната медицинска помош, префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете му ги нозете и колковите, отстранете му ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење (студени облози на вратот, пазувите и слабините и постојано прскајте му ја кожата со вода). Мерете му ја телесната температура. Не давајте терапија. Ако лицето е во бесознание, не треба да лежи на грб, туку завртете го во странична положба.
1. Препораки за раководителите на пензионерски домови, центри за долготрајна институционална грижа и здравствени установи
- Да се почитуваат препораките за однесување при топло време дадени во едукативните материјали за општата популација.
Установите (објектите) да се оддржуваат студени, а лицата во
истите да бидат заштитени од топлина, да останат во студено и да внесуваат доволно количество течности.

- Да се следи внатрешната температура на објектот. Да се обезбеди барем една студена соба (соба со клима уред и температура пониска од 25 0 Ц). Да се овозможи пациентите (станарите) да поминуваат во студените простории по неколку часа дневно.
- Општиот доктор да направи ревизија на редовното земање на
терапија на хроничните болни.
- Да се следи внесувањето на течности од страна на пациентите
(станарите), нудете (служете) безалкохолни и незасладени
пијалоци, следете им ја телесната температура, пулсот, крвниот
притисок и хидратацијата.
- Внимавајте на рани знаци на топлотни болести и започнете
соодветен третман.
- Информирајте и обучете ги вработените. По потреба зголемете го нивниот број.

Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на топлотен бран!

Користење на лични заштитни средства

Работната облека да биде направена од лесна порозна ткаенина (од природни влакна памук, лен) во светла боја. При работа на отворен простор задолжително носење на очила и капи. Да не се носи облека која го намалува потењето. Да се менува облеката при значајно потење.

Едукација за прва помош на работното место

Едукација за препознавање на симптоми за топлотно исцрпување или топлотен удар, самопријавување на симптомите (исцрпеност, слабост, замор, главоболка, бледило, вртоглавица, повраќање, вознемиреност, конфузија, колапс, конвулзии, шок) и грижа за колегите (будност за појава на симптоми). На оние кои имаат појава на овие симптоми, да им
се дозволи одење дома откога ќе се стабилизираат (најголем број на смртни случаи од топлотен удар се случува на пат за дома).

Вонредни систематски прегледи

Специјалистот по медицина на трудот ги изведува превентивните вонредни систематски прегледи во време на топлотни бранови за вулнерабилните групи на работници: повозрасни работници, работници со прекумерна телесна тежина, бремени работнички, хронично болни работници (со кардиоваскуларни, ендокринолошки, респираторни, ренални, хепатални, невролошки, гастроинтестинални и други заболувања).

Препораки до локалните власти во општините

Да се активираат јавните чешми и фонтаните, да бидат активни во периодот од мај до септември, особено во прериод на најава на топлотни бранови. Непречено водоснабдување, навремено подигање на смет и редовно миење на улиците.

Дополнителни препораки за возрасни

За време на топлотните бранови, Вашето здравје може да се влоши, треба
да се преземат мерки на претпазливост:
-Бидете хидрирани, пијте 6-8 чаши дневно безбедна вода
-Туширајте се често
- Престојувајте во климатизирани или разладени простории

Дополнителни препораки за деца и бебиња

- давајте им на децата вода на секои 20 минути.
- Почесто доење на бебињата
- Освежување во бања или базен
- Освежувајте им ја кожата со ладна крпа
- Облекувајте ги децата во лесна облека
- Главата да им биде покриена со ширка шапка
- Никогаш не ги оставајте сами во затворен автомобил, изложен на директно сонце.
-Никогаш не ги оставајте во слабо вентилирана просторија.
- Ограничете на нивната активност на отворено во најтоплиот дел од денот.
- Планирајте активности со децата на отворено пред 10 часот и после 17 часот, кога топлината и УВ зрачењето се помалку интензивни.

Со почит

Д-р Вецка Арабаџиева
Д-р Сања Накова Ордева
ЦЈЗ Штип

29/06/2026
Д-р Билјана Цекова од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип присуствуваше на обука за „Здравствени интервенции за одвикнува...
03/06/2026

Д-р Билјана Цекова од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип присуствуваше на обука за „Здравствени интервенции за одвикнување од користење на тутун и никотински производи“.

Преку ваквите едукативни настани се унапредуваат знаењата и вештините на здравствените работници за поддршка на лицата кои сакаат да се откажат од употребата на тутун и никотински производи.

СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ТУТУН – 31 МАЈТемата на Светскиот ден без тутун за 2026 година е:„Разоткривање на привлечноста – спречув...
31/05/2026

СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ ТУТУН – 31 МАЈ

Темата на Светскиот ден без тутун за 2026 година е:

„Разоткривање на привлечноста – спречување на зависноста од тутун и никотин”
Оваа тема е насочена кон откривање на начинот на кој индустријата ги прави своите производи наизглед привлечни, модерни и „побезбедни”, со цел да привлече нови корисници – особено деца и млади.

КЛУЧНА ПОРАКА НА СЗО

Тутунската и никотинската индустрија:
• користи ароми, модерни дизајни и пакување за да ја зголеми привлечноста
• промовира производи преку социјални мрежи и инфлуенсери
• воведува нови производи (е цигари, никотински кеси, загреан тутун) како „иновативни”
• создава лажно чувство на безбедност, иако производите се штетни и зависни

ЈАВНОЗДРАВСТВЕНО ЗНАЧЕЊЕ

• Тутунот е водечка причина за превентабилна смрт, со повеќе од 8 милиони смртни случаи годишно во светот.
• Околу 1,3 милиони лица умираат од пасивно пушење.
• Над 40 милиони адолесценти (13–15 години) користат тутунски производи.
• Повеќе од 15 милиони млади користат електронски цигари.

Овие податоци укажуваат дека епидемијата на тутун се префрла кон младите генерации.

ЗОШТО МЛАДИТЕ СЕ ВО ФОКУС?
СЗО потенцира дека младите се:
• цел на агресивен маркетинг
• изложени на производи со вкусови (овошни, ментол, слатки)
• подложни на брзо развивање зависност од никотин

Никотинот има штетно влијание врз:
• развојот на мозокот
• когнитивните функции
• менталното здравје


ЦЕЛИ НА КАМПАЊАТА 2026
СЗО повикува на:
Разоткривање на индустриските тактики
• информирање на јавноста за манипулативните стратегии
• разобличување на маркетингот насочен кон млади

Зголемување на регулаторните мерки
• забрана на ароми
• ограничување на рекламирање и промоција
• регулирање на дизајнот и пакувањето

Превенција и намалување на зависноста
• поддршка за откажување од пушење
• едукација на младите
• создавање средини без чад

Извор: World Health Organization (WHO). World No To***co Day 2026 – “Unmask the appeal – countering ni****ne and to***co addiction”.

По повод Европската недела на имунизација, денес на Градскиот плоштад во Штип успешно се одржа настан посветен на подигн...
23/04/2026

По повод Европската недела на имунизација, денес на Градскиот плоштад во Штип успешно се одржа настан посветен на подигнување на свеста за значењето на имунизацијата, организиран од ЈЗУ Здравствен дом "Д-р Панче Караѓозов" Штип.

Голем број граѓани го посетија штандот на ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип, каде имаа можност да добијат стручни совети, информации за имунизацијата, како и одговори на прашања поврзани со заштитата на здравјето.

Ви благодариме на сите кои присуствувавте и покажавте интерес за оваа важна тема!

По повод Европската недела на имунизација, ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на настанот што ќе се одржи на Гр...
22/04/2026

По повод Европската недела на имунизација, ги покануваме сите граѓани да присуствуваат на настанот што ќе се одржи на Градскиот плоштад во Штип, во четврток, 23.04.2026 година, со почеток во 10:00 часот.

Настанот е организиран од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ – Штип, а ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип ќе има свој информативен штанд, каде граѓаните ќе можат да добијат корисни информации за значењето на имунизацијата и заштитата на здравјето.

Ве очекуваме!

16/04/2026

ДЕМАНТ

Почитувани,

Во врска со изнесените наводи во јавноста од страна на СДС, сакаме јасно да истакнеме дека истите се неточни и создаваат неоснована вознемиреност кај граѓаните.

Средбата со матичните лекари беше организирана со единствена цел – да се
укаже на потребата од рационално користење на лабораториските ресурси и да се даде приоритет на пациентите кај кои анализите се навистина неопходни.

Во ниту еден момент не станува збор за прекинување на лабораториски услуги, туку за нивно поефикасно и одговорно користење.

Фактите говорат спротивно на изнесените тврдења. Бројот на извршени
анализи континуирано расте:
во 2023 година – 44.337 анализи
во 2024 година – 56.363 анализи
во 2025 година – 58.896 анализи
во 2026 година, само во првото тромесечје – 16.963 анализи

Овие податоци јасно покажуваат дека капацитетот на установата не се
намалува, туку напротив – се зголемува и се унапредува.

Во однос на анализите за тироидни хормони и тумор маркери, сакаме да
појасниме дека Центарот за јавно здравје располага со микробиолошка лабораторија и согласно својата дејност не е обврзан да ги извршува овие анализи. Истите се реализираат како дополнителна поддршка на Клиничката болница Штип и Здравствениот дом, во рамки на соработка помеѓу институциите.

Во контекст на долгото чекање , сакаме да потсетиме дека во едно друго време
кога СДС беа на власт, примањето на материјали беше до 11:30 часот што
резултираше со огромни гужви.
Денес, приемот е до 14:30 часот, со што е
овозможена подобра организација на работата и подобрен пристап за граѓаните, без создавање на гужви.

Апелираме до сите чинители да се воздржат од ширење на неточни информации кои можат да предизвикаат недоверба во здравствениот систем и непотребна загриженост кај граѓаните.

Центарот за јавно здравје останува посветен на обезбедување квалитетна,
навремена и достапна здравствена услуга за сите граѓани.

ВД Директор
Бранко Горгиев

Денес во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип се реализираше средба помеѓу ВД директорот на установата и пр...
15/04/2026

Денес во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип се реализираше средба помеѓу ВД директорот на установата и претставници на гинеколошките ординации од Штип.

На состанокот се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка, подобрување на координацијата во секојдневното работење, како и за поефикасно користење на расположливите ресурси со цел навремено и квалитетно обезбедување здравствени услуги за пациентите.
Посебен акцент беше ставен на усогласување на постапките и понатамошна заедничка комуникација во интерес на пациентите.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип останува посветен во обезбедување на поквалитетна здравствена грижа за граѓаните.

Денес во просториите на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип се реализираше средба помеѓу ВД директорот на установата и претставници на гинеколошките ординации од Ш...

По повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, потсетуваме дека здравјето е заедничка одговорност. Покрај личната грижа,...
07/04/2026

По повод 7 април – Светскиот ден на здравјето, потсетуваме дека здравјето е заедничка одговорност.

Покрај личната грижа, важна улога имаат и институциите, заедницата и условите во кои живееме.

Во овој контекст, особено значајна е посветеноста на здравствените работници, кои секојдневно, често и во предизвикувачки услови, се грижат за здравјето на населението. Нивната стручност, одговорност и хуманост се столб на здравствениот систем и клучен фактор во зачувувањето и унапредувањето на јавното здравје.

Центарот за јавно здравје останува посветен на промоција на здрави животни навики, превенција и навремена едукација, со цел создавање поздраво општество за сите.

Да го ставиме здравјето на прво место – не само денес, туку секој ден.

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип континуирано вложува во стручно усовршување на вработените, со цел унапредување на кв...
18/03/2026

ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип континуирано вложува во стручно усовршување на вработените, со цел унапредување на квалитетот на услугите и доследна примена на современите стандарди.
Во таа насока, наши вработени учествуваа на обука во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ, на тема „Интерните проверки во функција на подобрување на системот за квалитет согласно ISO 17025 и ISO 19011“.
Преку оваа обука се продлабочија знаењата и практичните вештини за спроведување на интерни проверки и унапредување на системите за управување со квалитет, што претставува значаен чекор во понатамошното подобрување на работењето.
По успешно завршување на обуката, учесниците се стекнаа со соодветни сертификати, кои се објавени во прилог.
Со вакви активности продолжуваме да градиме професионален и квалитетен систем во служба на здравјето на граѓаните.

Address

Hristijan Karpos Bb
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

+38977502985

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to ЈЗУ Центар за јавно здравје - Штип:

Shortcuts

Share