20/08/2026
🩸🅰️🆎️🅱️🅾️🩸
👉🏼На ден 26.08.2026 година (среда), во соработка со Служба за трансфузиона медицина - Струмица Служба за трансфузиона медицина - Струмица, во просториите на 📍Црвен крст - Струмица ќе се реализира крводарителска акција.
⏰Време: 09:00 - 14:00 часот
Во летниот период традиционално се јавува зголемена потреба од крвни единици, поради што секое дарување е од особено значење и може да помогне во спасување на човечки животи.
Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата и со своето дарување да дадат придонес за оние на кои крвта им е најпотребна.
❤️ Дарувај крв – спаси живот!